[ФОТО/ВИДЕО] Пристигна српската верзија на „Дубаи чоколадо“: Ќе се шокирате кога ќе откриете со што се приготвува

Точка

30/05/2025

20:19

1.428

Големина на фонт

а а а

Додека светот го „освои“ Дубаи чоколадото, Србија доби своја верзија – чоколадо со џимиринки.

Светлана Николин од Војка, попозната како Цеца Сремица, која веќе 18 години прави торти и колачиња, решила да ги помести границите на вкусот и да направи нешто необично – чоколадо со џимиринки, за која сега зборува целиот регион (инаку истата идеја пред неколку години ја имале и во Хрватска).


„На прв залак – изненадување, на втор – насмевка, а секој следен – патување низ традицијата, иновацијата и љубовта кон она што е домашно. Можеби не сте ги замислиле чоколадото и џимиринките заедно, но овде тие функционираат како совршен пар“, заклучи новинарката на Радио-телевизија Војводина.

„Сакав да склопам нешто несекојдневно за кога луѓето ќе го посетат овој прекрасен Срем, да можат да понесат нешто убаво и автентично како подарок, ние по тоа сме познати, чварки, штрудли, кифли, еве сега можат да понесат убав подарок, чоко чварки, и да ги израдуваат луѓето во странство, во дијаспората и каде било“, рече Светлана.


Ова необично чоколадо не се прави индустриски, туку целосно рачно – од топење на чоколадото, до мешање на состојките, па сè до истурање во калапи.

„Млечно чоколадо, какао чоколадо и чоколадо во прав се потопуваат, потоа се додаваат ситно пресувани џимиринки, целосно исцедени бидејќи многу луѓе избегнуваат да пробаат, мислејќи дека се работи за нешто мрсно, но навистина во чоколадото може да се почувствува само крцкавиот вкус на џимиринките, ништо повеќе“, раскажа Светлана. По ладењето, следи рачно пакување и чоколадото е готово. Би го пробале ли?