[ВИДЕО] Еден-два победа за Мекларен, трагедија за Ферстапен на Каталуња

Дерби

01/06/2025

18:12

928

Големина на фонт

а а а

Трката за Големата награда на Шпанија доби заплет поради неочекуваната тактика на Ред Бул да оди со три стопирања во бокс, па иако Макс Ферстапен цела трка беше во близина на двата болиди на Мекларен, на крајот доживеа вистинска спортска трагедија во последните неколку круга.

Оскар Пјастри водеше од првиот до последниот круг и не му дозволи на Ландо Норис ниту еднаш посериозно да го загрози, а кога се беше јасно околу редоследот на првите тројца, стигна до голем заплет поради излетувањето на Антонели.

Возачот на Мерцедес предизвика влез на безбедносно возило и сите возачи влегоа одново во бокс, а тоа направи Ферстапен последните кругови да ги вози со најтврдата компомента на гуми.

Сосема неочекувано, Шарл Леклер доби шанса да го нападне со меки гуми и успеа во тоа уште во првиот обид, но за да биде уште полошо за Макс, во првиот свиок имаше контакт со Џорџ Расел.

Стјуардите проценија дека Ферстапен треба да го пропушти Британецот на четвртото место, но наместо да го направи тоа, Макс имаше мало помрачување и се заби во болидот на ривалот од Мерцедес.

Во продолжение сепак одлучи да му го отстапи четвртото место, па иако заврши петти, на крајот доби нова казна од дирекцијата на трката и на крајот е запишан како десетопласиран на трката во Каталонија.