[ВИДЕО] Ал Келаифи го прекина интервјуто на Луис Енрике и испрати јасна порака до цела Шпанија

Дерби

01/06/2025

18:09

3.627

Големина на фонт

а а а

Насер Ал Келаифи конечно го дочека моментот за кој сонуваше цели 14 години, но после безброј инвестирања и доведени огромни ѕвезди на „Паркот на принцовите“, неговиот ПСЖ стигна до најпосакуваниот трофеј со тим кој ги освои симпатиите во цела светска спортска јавност.

ПСЖ го декласираше Интер во големото финале и доминантно стигна до историска прва титула во Лигата на шампиони, а тоа го направи благодарение на фудбалската филозофија на Луис Енрике, но и тимскиот дух кој го изгради Лучо во својот состав.

Шпанецот по вторпат во својата тренерска кариера ја освои Лигата на шампиони и тоа го направи повеќе од заслужено, па во моментите на голема еуфорија на теренот, доби јавни честитки и од својот надреден.

Ал Келаифи се симна на теренот и го прекина интервјуто на Лучо за „Мовистар плус“, при што ја искористи можност да испрати јасна порака до цела Шпанија.

– Го имаме најдобриот тренер и најдобриот човек. Шпанија треба да биде горда што има тренер како него, – порача Ал Келаифи.