[ВИДЕО] Луис Енрике воодушевен од еден потег на Интер по финалето: Добар пример за сите млади во фудбалот

Дерби

01/06/2025

18:06

1.728

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике се најде во центарот на вниманието по финалето во Лигата на шампиони поради неколку настани кои ја одбележаа увертирата на свечената церемонија, но факт е дека Лучо се најде во фокусот и по моментот за историја на играчите за ПСЖ.

Неколку моменти по подигнатиот трофеј од страна на капитенот Маркињос и останатите играчи од ПСЖ, Луис Енрике се сврте кон играчите и стручниот штаб на Интер за да им аплаудира, а причина за тоа е импресивниот гест кој го покажаа Италијанците.

Иако го претрпеа најтешкиот пораз во финалињата на Лигата на шампиони, цел стручен штаб на Интер и сите играчи останаа на теренот при подигнувањето на пехарот, потег со кој искажаа максимална почит кон ривалот кој испиша историја во Минхен.

Овој потег не остана незабележан од Лучо, кој имаше само комплименти за Интер и на прес-конференцијата.

– Сакам да нагласам уште една работа за крај. По крајот на финалето, кога дојде време да го подигнеме трофејот, видов една неверојатна ситуација. Сакам да го пофалам начинот на кој Интер не испочитува. Сите членови на стручниот штаб и сите играчи останаа на теренот за да не испочитуваат и покрај болката.

– Во животот треба да знаете да победувате, но и да губите. Има луѓе кои знаат само да победуваат, а не знаат да губат. Тоа што го направи Интер е добар пример за сите деца во фудбалот, – изјави Лучо.