„Тој ќе го замени Ѓоковиќ“: Мекинро ја издиктира новата „голема тројка“

Точка

03/06/2025

17:20

8.344

Големина на фонт

а а а

По пензионирањето на Рафаел Надал и Роџер Федерер, митот за големата тројка престана да постои, a од нивниот период само Новак Ѓоковиќ сè уште ја има етикетата „недопирлив“, но сепак јасно е дека смената на генерациите е неизбежна.

Моментално Јаник Синер и Карлос Алкараз се претставници на младоста, но наскоро би можел да им се придружи уште еден тенисер, а според Џон Мекинро тоа ќе биде Холгер Руне.

Данецот, кој сега има 22 години, уште во 2022 година се пласирал меѓу првите 10 АТП играчи, што доволно кажува за неговиот квалитет. Истата година, тој стигна до четвртфиналето на Ролан Гарос, а следната сезона двапати го постигна истиот резултат на Гренд слем турнирите, што беше доволно за четвртото место на АТП листата. Сепак, во 2024 година се случи неговиот пад, па не успеа да ги повтори резултатите таа година, поради што беше дури и 17-ти во светот, но во 2025 година остава впечаток дека се враќа на старите патеки, па во април оваа година успеа да се врати меѓу првите 10.


Сепак, Данецот не успеа да ја продолжи својата добра игра и на Ролан Гарос, па загуби од Лоренцо Мусети во осминафиналето, со 3:1 (7:5, 3:6, 6:3, 6:2), а овој пораз можеби донекаде го разочара Мекинро, кој верува дека Руне е ветениот играч на новата „голема тројка“. „Холгер беше момчето за кого мислев дека ќе биде трет во новата „голема тројка“, Алкараз, Синер, мислев дека тоа ќе биде Руне“, изјави тој за ТНТ Спортс.

Дали Руне ќе биде дел од новата „голема тројка“?

Малку е веројатно дека успесите на „големата тројка“ лесно ќе се повторат, но Мекинро верува дека постои нивна замена, а за Руне да стане играч кој ќе може да се носи со Алкараз и Синер, тој има голема задача пред себе. „Руне има многу да докаже во обидот да ги достигне големите играчи. Се сеќавам кога играше тука против Руд пред неколку години, тој некако го изигнорира откако загуби. Неговото однесување беше во стилот: „Како можев да изгубам од овој човек?“ И затоа му требаше време да почне да сфаќа што е потребно, но тој го учи тоа“, рече Џон.


Има надеж за Руне: „Се чини дека се смирил. Го вратил својот стар тренер, а неговата мајка изгледа многу ангажирана. Има многу такви семејства, но се чини дека тој повторно е во подем. Мислам дека затоа е 10-ти носител наместо 4-ти, бидејќи концентрацијата доаѓа и си оди“.

Што му недостасува на Руне за да ги достигне Синер и Алкараз?

Во Индијан Велс, Руне беше поразен од Џек Дрејпер во финалето, но го освои турнирот во Барселона откако го победи Алкараз. Се чинеше дека сè оди добро, но на следните четири мастерс турнири тој беше речиси незабележлив. Поранешниот светски број 1 смета дека Руне понекогаш се откажува премногу брзо кога е во губитничка позиција.


„Речиси исцрпи сè. Беше блиску до тоа се' да биде готово, а изгледаше навистина негативно. Мислам, тоа беше еден од оние денови кога се води војна на исцрпување. Мислам дека тој… ми се допаѓа каде оди, но сè уште треба многу да работи за да ја затвори таа празнина. Значи, ова би била огромна задача за овие двајца да покажат кој има малку повеќе магија, кој навистина може да ги притисне Алкараз и Синер“, рече Мекинро.


„Тука се Алкараз, Синер, па Новак. Смеам ли да кажам дека Руне е некој од далечното трето место во однос на освојувањето на гренд слем титули. Потоа ги имате овие двајца – Зверев, а би го вклучил и Томи Пол. Не велам дека е веќе таму, но тој е еден од оние пет, шест момци кои наскоро ќе стигнат до третото, четвртото место во светот, бидејќи и другите момци паѓаат како муви“, заклучи Мекинро.