Фудбалската легенда Икер Касиљас повторно е во центарот на јавниот интерес, овојпат поради личен скандал што доби правна димензија. Причината: поранешна актерка за возрасни јавно изјави дека Касиљас бил „лош љубовник“ – а тој најави тужба за нарушување на честа и повреда на приватноста.
Станува збор за Клаудија Бавел (28), која своевремено снимаше филмови за возрасни, а денес работи како модел и продава сопствена содржина на платформата „OnlyFans“, од каде што месечно заработува околу 20.000 евра.
На преминот меѓу 2024 и 2025 година, шпанските медиуми ги уловија Бавел и Касиљас заедно во ресторан во Барселона, што предизвика бура во јавноста. Врската, очигледно, не траела долго – но тоа не ја спречи Клаудија да изнесе детални информации за нивниот однос.
Во интервју за шпанската телевизија „Telecinco“, таа изјави:
„Ако ме прашате каков беше Икер како љубовник, ќе кажам дека е подобар фудбалер.“
Изјавата предизвика бурна реакција кај Касиљас, кој досега избегнуваше да зборува за личниот живот и секогаш барал почит кон неговата приватност. Сега, сепак, тој реши да покрене тужба.
„Во фудбал сум од мојата 14-та година, кариерата ми донесе многу радости, но и постојан интерес за мојот приватен живот, кој секогаш сум се обидувал да го задржам подалеку од јавноста. Никогаш не сум споделувал детали од личниот живот, барав почит. Тешко ми е да прифатам дека некои луѓе без никаква задршка зборуваат за мене на телевизија. Некои поединци се обидуваат да стекнат слава и брзи пари на мој грб. Ситуацијата стана неодржлива – нема повеќе да дозволам мешање во мојот приватен живот, ниту дејствија што ја поткопуваат мојата чест. Ќе преземам правни чекори“, напиша Касиљас.
Но, правната битка нема да биде едноставна. Бавел не се повлекува и го брани своето право на слобода на изразување.
„Имам право да ги споделам моите искуства и доживувања. Врската е заедничко искуство и изразувањето на мојата страна не е повреда на приватноста, туку користење на моето право на говор. Загрижена сум што некој сака да ми го одземе гласот – секој има право на свое мислење без да биде замолчуван. Жал ми е што ситуацијата ескалираше, но ќе го бранам својот углед и интегритет“, напиша таа.