Манчестер Јунајтед нема по добро да ја памети натпреварувачката 2024/2025, сезона во која клубот имаше катастрофален настап во Премиер лигата, остана без резултат во англиските купови, а на крајот ја загуби клучната битка со Тотенхем во финалето на Лига Европа и на тој начин не само што испушти шанса за пехар, туку и остана со празни раце кога е во прашање настапот во европските купови во следната година.
Потоа Јунајтед замина на кратка турнеја во Азија во Малезија и Хонг Конг каде имаше неколку инциденти, ситуации со играчите со Диало, Гарначо…потези кои за легендарниот Дејвид Бекам се неприфатливи за фудбалери кои го носат дресот на англискиот великан.
- Не ми се допаѓа тоа што го гледам во клубот. Точно е дека теренот е важен, но гледам многу работи што не се прифатливи за мене како навивач и љубител на Манчестер Јунајтед. Мора да ја претставувате значката. Видов многу работи каде што играчите не се однесуваа на правилен начин.
- Разбиравме што значи да се игра за Манчестер Јунајтед. Разбравме што значи грбот. Секаде каде што патувавме, без разлика дали во Европа или Азија, ги почитувавме навивачите. Го почитувавме фактот дека доаѓаа и плаќаа пари за да нè видат, да добијат автограм или да се фотографираат. Мора да го почитувате тоа, - порача Бекс.