"Supra" се враќа – и тоа побрзо отколку што мислите!

Супермен

05/06/2025

17:02

615

Големина на фонт

а а а

Производството на петтата генерација "GR Supra", развиена во соработка со "BMW" и произведувана во Австрија заедно со моделот "Z4", треба да заврши до пролетта 2026 година.

"Toyota" веќе ја најави „Final Edition“ за моделската 2026 година, со што го означува крајот на ова поглавје – но името "Supra" нема да замине во историјата, барем не уште. Во неодамнешни интервјуа за "MotorTrend", раководители на "Toyota" потврдија дека иако ќе има кратка пауза, "Supra "ќе се врати.


„Би било логично да имаме следна генерација на "Supra"“, изјави Купер Ериксен, потпретседател за планирање и стратегија на производи во "Toyota Motor North America".

„Сепак, кога и како тоа ќе се случи – сè уште не е одредено.“


Она што е сигурно е дека паузата помеѓу генерациите нема да биде долга како претходниот пат. Фановите добро се сеќаваат на две децении пауза меѓу легендарната четврта генерација на "Supra" и нејзиното модерно враќање со "GR"-ознака во 2019 година, пренесува "Autoblog".


Главната причина лежи во трошоците. Новите глобални регулативи, особено оние поврзани со емисиите и безбедносните стандарди, ги принудуваат производителите или да инвестираат значајно во модернизација, или целосно да започнат од почеток. За "Toyota", освежување на постоечката "Supra" не е изводливо без комплетна реконструкција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk