Снимката од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од Париз станува вирална.
Секогаш кога ќе се појави на јавно место, Ѓоковиќ како магнет го привлекува вниманието на јавноста. Некогаш изведува добар трик, некогаш едноставно демонстрира дека славата и парите не го промениле, а овој пат посетил продавница за здрава храна во Париз.
Станува збор за синџир на ресторани познати низ целиот свет, а во овој париски Ноле се однесувал како дома, па затоа не изненадува фактот што снимката со брзина на светлината го обиколи светот.
На снимката може да се види како тенисерот влегува во ресторанот, се поздравува со вработениот, зема намирници и самиот го прави својот омилен шејк. Се однесува исто како во својата кујна, шејкот го истура во чаша, ги поздравува вработените и со насмевка ја напушта продавницата.
На многумина, поточно на повеќе од 30.000 луѓе им се допаднала оваа снимка, а голем дел од нив ги интересираше кои намирници користел најдобриот тенисер во светот, бидејќи е познато дека тој со години се храни здраво.
Одговорот го дале вработените кои рекле дека станува збор за пијалак за „feel good“, и откриле дека Ѓоковиќ за него користел морков, куркума и ѓумбир.