[ФОТО/ВИДЕО] Јахтата на германскиот милијардер заплови во Дубровник: Една недела на неа чини 650.000 евра

Супермен

03/06/2025

23:35

3.673

Големина на фонт

а а а

Една од најмодерните и најлуксузните јахти чиј сопственик е 63-годишниот германски милијардер Ханс Георг Надер, е снимена во Дубровник, објави 24sata.hr.

Богатство на Надер се проценува на 2,8 милијарди долари, а тој е генерален директор на компанијата Отобок, која произведува протези, ортози, инвалидски колички, односно протетски и ортопедски помагала.


Јахтата, изградена пред само две години во бродоградилиштето Дамен Јахтинг, се вика „Pink Shadow“ (Розова сенка), а ентериерот е инспириран од филмот од 80-тите години „Фицкаралдо“, во режија и продукција на Вернер Херцог, а во главната улога е Клаус Кински.


Има шест палуби, 17 членови на екипажот, три барови, топли и ладни џакузи, плишани крокодили и, секако, хелиодром.


За да се изнајми јахтата на една недела потребни се малку повеќе од 650.000 евра со вклучени дополнителни трошоци.

Германскиот претприемач има и многу интересен приватен живот. Во 2015 година, тој објавил дека неговиот брак повеќе не му одговара и дека е во врска со кубанска пејачка, на која ѝ издал албум преку својата продуцентска куќа. Потоа, во 2017 година, тој ѝ предложил брак на германската манекенка Натали Шел и изнајмил четвртина страница во берлински весник за да ја објави свршувачката.

Сè се распаднало кратко пред свадбата бидејќи Шел му била неверна. Сепак, Надер не ја откажал забавата на Ибица, туку се забавувал со стотина гости, но само без невестата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk