[ФОТО] Ова се најопасните патишта во светот – два се наоѓаат на Балканот

Точка

09/06/2025

14:36

1.923

Големина на фонт

а а а

Озлогласена српска сообраќајница се најде на неславната листа на смртоносни рути кои дури и најискусните возачи ги избегнуваат.

Поголемиот дел од возењата денес вклучуваат метеж, патни работи или случајни пречки што можат да ви го расипат денот. Но, ситуацијата може да биде далеку полоша. Навистина полоша.

Замислете дека возите по тесен планински премин, додека ви доаѓа возило од спротивната насока, и еден погрешен потег може да заврши кобно. Тоа е реалност во многу делови од светот, каде што единствениот начин да стигнете од точка А до точка Б е – да го ризикувате сопствениот живот, пишува "BBC Science Focus".

Затоа, врзете се и подгответе се за морничаво патување додека ги истражуваме најопасните патишта на светот:

1. Патот Кејлонг – Киштвар, Индија

Овој пат долг 235 км минува низ застрашувачки планински премини, со земјена, тесна траса без никакви заштитни огради, честопати изложен на одрони и непредвидливо време.

Најопасниот дел е познат како „Cliff Hanger“ – кој лесно се лизга и се распаѓа ако му се приближите премногу.


2. Ибарска магистрала, Србија

Локално позната како „Црна магистрала“, оваа рута што ги поврзува Белград и Црна Гора важи за една од најопасните во Европа.

Рамниот терен со опасни кривини, преголема брзина и возење под дејство на алкохол често резултираат со фатални несреќи, наведува "BBC Science Focus".


3. Трансфагарашан, Романија

Планински пат долг 150 км со серпентини, тунели и големи висински разлики.

Покрај возачките предизвици, очекувајте и стада овци на сред пат – честа глетка што дополнително го отежнува возењето.


4. Скиперс Кењон, Нов Зеланд

Рачно направен уште во 19. век, овој тесен планински пат покрај реката Шотовер е познат по лизгавата подлога и екстремните падини.


Осигурувањето за изнајмени возила не важи овде – што само по себе говори за ризикот.


5. Џејмс Далтон автопат, САД

Познат од серијата "Ice Road Truckers", овој арктички автопат долг 666 км води низ пустош исполнет со снег, мраз и – поларни мечки.

Поголемиот дел од трасата е неасфалтирана, а изолираната локација го прави секој дефект на возилото сериозна закана.


6. Преминот Зојила, Индија

Планински пат што го поврзува Ладак со долината Кашмир, често е затворен во зима.

Толку е тесен што едвај може да помине едно возило, а нема никакви заштитни бариери.


7. Патот кон "Fairy Meadows", Пакистан

Води кон Националниот парк "Fairy Meadows", на височина од 3.000 метри, крај самата бездна, без ниту една заштитна ограда.

Дозволен е само за локалци, бидејќи е премногу опасен за туристи.


8. Јунгас патот, Боливија

Познат како „Патот на смртта“, некогаш годишно одземал меѓу 200 и 300 животи.

Макадамски пат низ планини, со магла, дожд и стрмни карпи – возење по него претставува екстремен ризик.


9. Пат Сичуан – Тибет , Кина

Еден од највисоките патишта во светот, озлогласен по лавини, одрони и огромни сообраќајни метеж.

Патувањето може да трае и до 15 дена – исполнето со стрес, висинска болест и постојани дефекти.


10. Бајбурт D915, Турција

Застрашувачки планински пат во близина на Црното Море, познат по безброј серпентини без никаква заштита.

Лошата подлога и честите временски непогоди го прават сериозен предизвик за секој возач.