За брзо време ќе се врати клупскиот фудбал и тоа со историскиот настан во САД каде 32 тима ќе се борат за трофејот на Светското клупско првенство.
Ова е нов формат со далеку повеќе учесници и затоа овој настан ќе трае од 14 јуни до 13 јули, настан на кој домаќините ќе бидат 11 градови.
Се очекува да биде динамично, интересно, возбудливо особено ако се реализира сценариото на суперкомпјутерот на „БојлСпортс“.
Има прогноза за резултатите и патот на тимови, а ако ова биде точно ќе имаме европски битки во полуфиналињата, а на крајот за пехарот ќе се борат Бенфика и Манчестер Сити и трофејот ќе заврши во Лисабон по победата од 2-1.