[ФОТО] Се соблече гола за 60-тиот роденден: „Вљубена сум“

Точка

11/06/2025

11:57

1.818

Големина на фонт

а а а

Актерката и манекенка Елизабет Харли го прослави својот јубиларен 60-ти роденден на 10 јуни и по тој повод ги израдува обожавателите со неочекувана фотографија на која беше целосно гола.

Британската заводничка, која на 59 години беше прогласена за најсексапилна жена во светот, а ја носи и титулата кралица на бикини, токму на својот роденден, објави фотографија на која позира без облека, и покрај тоа и му порача на светот дека е вљубена.


„Среќен ми роденден! Оваа година веќе беше лудо возење. И… вљубена сум. Се чувствувам многу благословена и благодарна што ги имам најдобрите пријатели и семејство во светот. Фотографијата е направена попладнево… во мојата роденденска облека“, напиша Харли.


На фотографијата што најмногу го израдува машкиот пол, а предизвика воодушевување на Инстаграм, таа позира седејќи на тревата со скрстени нозе, така што иако е целосно гола – ништо не се гледа. Широката насмевка на нејзиното лице покажува колку е среќна, а објавата ја коментираше и нејзиниот нов партнер Били Реј Сајрус, кој кратко напиша: „Те сакам“.


Тој објави нивна заедничка фотографија на својот профил со пораката: „Среќен роденден на љубовта на мојот живот“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk