Реал Мадрид го потпиша и третото летно засилување, но ќе дојде во месец август!

Дерби

12/06/2025

08:23

1.143

Големина на фонт

а а а

Франко Мастантуоно експлодираше како млад талент на Ривер Плата и го сврте вниманието на себе, па веднаш почна битката за неговиот потпис вреден 40 милиони евра.

Манчестер Сити во една фаза од преговорите беше најблиску до негов ангажман и се чинеше дека Франко ќе го следи примерот на Клаудио Ечевери, но сепак работата на Пеп Гвардиола му ја замрси Реал Мадрид, кој на крајот реши да го активира ексклузивното право кое го има за Франко за 40 милиони евра.

17-годишниот тинејџер стана и аргентински репрезентативец и веќе има статус на голема ѕвезда во својата земја, па иако последните напори на Реал беа да го доведат навреме за Светското клупско првенство, на крајот тоа нема да се случи.

Како што јавуваат „Марка“ и „АС“, Мастантуоно веќе ставил потпис на договорот со Реал Мадрид и документите се испратени во Шпанија, меѓутоа Светското клупско првенство ќе го игра како член на Ривер.

Клупскиот мундијал ќе биде последниот турнир на кој ќе настапи за Ривер, а во месец август ќе пристигне во Шпанија и ќе ја има промоција како нов играч на Реал.

Мастантуоно во овој момент има статус на трето летно засилување за Чаби Алонсо, бидејќи претходно Перез веќе ги доведе Дин Хаусен и Трент Александер Арнолд.