За ова во Грција ќе добиете казна од 350 евра: Возачите често ја прават оваа грешка, а опасна е и скапа

Точка

12/06/2025

09:04

6.759

Големина на фонт

а а а

Во Грција законските прописи во врска со превозот на деца се претежно во согласност со препораките утврдени од Европската комисија.

Според овие препораки, децата пониски од 135 сантиметри и помлади од 12 години треба да бидат во соодветно седиште или бустер.

За деца на возраст од 12 години и повеќе со висина од најмалку 135 сантиметри, доволен е нормален безбедносен појас.

Возењето деца (до 3 години) на предното седиште во специјални детски седишта свртени во спротивната насока од движењето на возилото дозволено е само кога воздушното перниче е деактивирано. Децата до 3 години треба да користат детски седишта соодветни на нивната тежина во сите автомобили и комбиња, освен ако се возат на задното седиште на такси.


Во Грција забрането е деца постари од 3 години и пониски од 150 сантиметри да се возат на предното седиште на возилото.

Во согласност со член 12 (5) и 33 (2) од Законот 2696 (Закон за патен сообраќај), употребата на специјални заштитни средства, како што се детски седишта, е задолжителна за превоз на малолетници до 12 години. Прекршителите се казнуваат со административна казна од 80 до 350 евра и одземање на возачката дозвола во траење од 10 дена.


Друга многу важна работа што мора да ја знаете – пушењето во автомобил со дете во него, избегнувајте го насекаде и секогаш, а ако го правите тоа во Грција, а детето не е постаро од 12 години, се соочувате со казна до 1.500 евра и одземање на возачката дозвола.

Детските седишта мора да го исполнуваат „ECE“ стандардот, а децата со висина од 135 сантиметри и повеќе можат да користат обични безбедносни појаси.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk