Полскиот селектор поднесе оставка по несогласувањата со Левандовски

Макфакс

12/06/2025

10:56

243

Големина на фонт

а а а

Михал Пробиерж повеќе не е селектор на полската репрезентација. Пробиерж му ја одзеде капитенската лента на Левандовски за време на последната акција со репрезентацијата, откако 36-годишниот напаѓач на Барселона се повлече од квалификациите за Светското првенство поради ментална исцрпеност.

Начинот на кој селекторот го соопшти тоа не ѝ се допадна на му се допадна на Левендовски и рече дека повеќе не сака да игра за репрезентацијата сè додека Пробиерж е селектор.

Без својот најдобар играч, Полска загуби во Финска во вторникот. Ова веднаш ги предизвика првите шпекулации за можното заминување на Пробиерж, но претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Цезари Кулеша, ден подоцна изјави дека сè уште има доверба во селекторот.

Кулеша се обиде да ја смири тензијата меѓу селекторот и Левандовски, но на крајот се покажа дека тоа е залудно.

Пробиерж во четврток објави дека се повлекува од функцијата.

„Дојдов до заклучок дека ова е најдоборот решение“, рече тој. Од соопштението за медиумите на Полската фудбалска асоцијација не е јасно дали имало разговори со Левандовски, но барем е отворен патот за враќање на рекордерот по број на настапи (158) и најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата (85 гола).

Ова значи дека во септември Полска ќе смета на напаѓачот, кој тогаш ќе има 37 години. Сепак, репрезентацијата тогаш ќе има нов селектор. Пробиерж беше на клупата од септември 2023 година и ја водеше Полска до Европското првенство во 2024 година.