Ако не можете да си дозволите вистински "Aston Martin" – еве верзија што можете сами да ја составите

Точка

12/06/2025

13:15

385

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте сонувале да составите хиперавтомобил со сопствени раце?

Благодарение на соработката меѓу "Aston Martin" и "LEGO Technic", тој сон веќе не е само детска фантазија, туку реалност – и тоа во голем стил. Претставен е новиот "LEGO Technic Aston Martin Valkyrie", сет што ја спојува врвната инженерска прецизност и генијалноста на "LEGO" коцките во едно футуристичко пакување.

Инспириран од моделот "Valkyrie" – најрадикалниот хиперавтомобил што "Aston Martin" некогаш го произвел – овој сет со над 700 делчиња нуди минијатурна, но функционална верзија на автомобилот кој ја брише границата меѓу "F1" болид и патничко возило. Иконскиот "Podium Green" изглед, функционалните "gullwing" врати, детално изработениот "V12" мотор со подвижни клипови и активен диференцијал – сето ова покажува дека не станува збор само за играчка, туку за вистинско инженерско чудо.


„"Valkyrie" е триумф на дизајнот, аеродинамичната совршеност и инженерската генијалност. "LEGO" верзијата не го слави само изгледот на автомобилот, туку и целата филозофија зад него“, изјави Марек Рајхман, главен дизајнер на "Aston Martin".

"Valkyrie" е развиен во соработка со Адријан Њуи, легендарниот "F1" инженер кој денес работи со тимот "Aston Martin Aramco Formula One". Резултатот е автомобил со спектакуларни перформанси – забрзување од 0 до 100 km/h за само 2,5 секунди и 1.140 коњски сили. Но можеби најфасцинантното е тоа што, и покрај овие бројки, "Valkyrie" е легален за возење по јавни патишта.


За дополнително да го оживеат целиот проект, "Aston Martin" се здружи и со популарната гејминг платформа "Gameloft Asphalt Legends UNITE", каде што играчите ќе можат да возат и вистинскиот "Valkyrie" и неговата "LEGO" верзија – во виртуелниот свет, но со истото возбудување.