Спасовски: Не треба да правите политиканство, помошта за повредените и семејствата на загинатите во Кочани треба да биде најголем приоритет

Макфакс

12/06/2025

14:39

131

Големина на фонт

а а а

СДСМ на денешената собраниска седница побара Законот за Кочани да биде прва точка на дневен ред во Собранието.

Пратеникот Оливер Сапасовски, истакна дека, оваа помош и поддршка за повредените и семејствата на загинатите треба да биде најголем приоритет во моментот.

- Сè друго што денеска го гласаме како итна постапка или по скратена постапка резултираше со незаконски решенија, особено оние закони со кои се менуваат, на пример, условите за директори и слично. Ништо не е позначајно од ова. Затоа предлагам овој закон да биде прва точка на дневниот ред на оваа седница. Дајте нешто да направиме заеднички, рече Спасовски.

Тој реагираше на односот на ВМРО-ДПМНЕ и подвлече дека од ова прашање не треба да се прави политика.

- Не треба да правите политика, ниту политиканство. Имаме предлог, го дадовме предлогот – предлогот да биде на гласање. Тоа е овозможено со Деловникот и немаше никаква, ниту политика, ниту политиканство. Ако мислите дека истите тие 107 милиони денари, собрани од граѓаните на Македонија преку сметката во Црвен Крст, ќе ги претставите дека владата ги има исплатено, не е така, јас ја прашав министерката, таа кажа дека досега се исплатени 11 милиони од буџетот, наместо одобрените 30 милиони, рече Спасовски.

Во однос на Комисијата за труд и социјална политика Спасовски рече дека власта досега користеше деловничка можност за да не се одржи Комисија и директно ги ставаше законите на дневен ред и ги повика таа пракса власта да ја примени и за Законот за настраданите во Кочани за да се донесе што поскоро.

- Има една деловничка можност, којашто ја користи често претседателот,да не се одржи Комисијата, туку да го ставите директно на дневен ред. Да не ја лажете македонската јавност сега. Или, втората можност, којашто исто така ја правите, претседателот на Комисијата да задолжи еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како што ја задолжи колешката Ласкоска минатиот пат, и ќе дојдете на Комисија и ќе речете: „За ова сум задолжен, само законот за Кочани да го гласаме, другото не дозволуваме да се помине. Така што опциите се тие коишто вие си ги направивте пракса. Јас само предлагам по таа пракса да се постапи и за Законот за настраданите во Кочани, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.