Милан Илоски е офанзивец со македонски корени, играч кој од оваа година одново настапува во МЛС лигата и тоа во редовите на Сан Диего.
Тој на 11 натпревари има постигнато 5 погодоци од кои 2 дојдоа овој викенд против Минесота. Илоски влезе во игра на стартот на второто полувреме и успеа двапати да го матира домаќинот во 75 и 92 минута со тоа што оној во судиското продолжение беше ремек дело затоа што ја зема топката од својата половина, го претрча целиот терен, го издржа притисокот и потоа рутински реализираше за потврда на триумфот на неговиот тим од 4-2.
EVERYONE GETS A BRACE (@milaniloski123) pic.twitter.com/3q9GAr5VDh
— San Diego FC (@sandiegofc) June 15, 2025
The Hidden Valley van Persie strikes AGAIN…
— San Diego FC (@sandiegofc) June 15, 2025
…@milaniloski123 gives us the LEAD pic.twitter.com/s5iiaB0PQP
Ова беше надополнување на мајсторијата на неговиот соиграч Андерс Дрејер кој погоди од половина терен во првото полувреме.
ANDERS DREYER! 🤯
— Major League Soccer (@MLS) June 15, 2025
📺 #MLSSeasonPass: https://t.co/8Fn6TMVX06 pic.twitter.com/imNu00s861