Новиот изглед на Бред Пит стана главна тема на социјалните мрежи, а се чини дека на обожавателите многу не им се допаднало она што го носел познатиот актер.
Познатиот холивудски заводник Пит, откако ужива во љубовта со Инес де Рамон, која е 29 години помлада, целосно го промени својот стил на облекување.
Тој е во среќна врска од 2022 година и веќе одамна не ја крие оваа убавица, а неодамна биле на вечера со неговиот голем пријател Бредли Купер и неговата 20 години помлада девојка, Џиџи Хадид.
На вечерата Бред привлече големо внимание со неговата модна комбинација и тоа толку многу што многумина коментираа дека Инес изгледа како божица, додека тој е „кловн“ во костумот што го одбрал.
Меѓутоа и за време на последното појавување на актерот со неговата партнерка, тој повторно беше во центарот на вниманието поради неговто модно издание. Имено тој избрал широки фармерки, кадифено, сино сако и кошула со вертикални пруги, а покрај тоа носел и необични чевли со квадратен врв.
Од друга страна, убавата Инес носела туника украсена со реси во комбинација со ѕвонести панталони и популарна Фенди чанта.
„Изгледа како да ги потрошил сите пари на неа, па немал за себе“, „Изгледа како божица“, „Бред дефинитивно е во криза на средните години“, беа дел од коментарите на обожавателите.