Макрон шепка, италијанската премиерка превртува со очи: Видео од самитот Г7 поради кое на сите им е непријатно – што ѝ кажа?

Точка

17/06/2025

12:03

3.732

Големина на фонт

а а а

Лидерите на Г7 се собрале во Канада, а една од нивните главни теми е ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Во луксузното одморалиште каде се одржува самитот Г7, забележан бил момент којшто предизвикал смеа, но и шепкање зад затворените врати.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, била фатена како превртува со очите откако францускиот претседател Емануел Макрон нешто ѝ шепнал.

Видеото за брзо време се проширило на социјалните мрежи, а на него се гледа како Џорџа Мелони се наведнува кон Макрон додека тој нешто ѝ зборува. Во оној момент кога слушнала што има да ѝ каже, јасно превртила со очите.

Откако видеото било објавено, социјалните мрежи се преплавени со коментари за тоа што ѝ рекол Макрон на премиерката на Италија, што таа реагирала така.

Но, тоа не бил единствениот непријатен момент од состанокот на лидерите на САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија и ЕУ.

Во текот на конференцијата за новинари, новиот канадски премиер Марк Карни нагло го прекинал американскиот претседател Доналд Трамп кога новинарите го прашале за неговата имиграциска политика.


„Ќе ја искористам својата улога на претседател затоа што ни останаа само неколку минути со претседателот и неговиот тим и мораме да почнеме да разговараме за сериозни прашања“, рекол Карни, прекинувајќи го Трамп пред собраните новинари.