Мбапе неизвесен за првиот меч на Реал на клупскиот Мундијал

Макфакс

18/06/2025

11:25

78

Големина на фонт

а а а

Под знак прашалник е настапот на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.

Килијан Мбапе го пропушти последниот тренинг на Реал поради болест. Според шпанскиот печат, Мбапе се разбудил со висока температура. Иако официјално не е исклучен, се шпекулира дека францускиот напаѓач би можел да го пропушти натпреварот на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.

Потенцијалното отсуство на Мбапе го става новиот тренер Чаби Алонсо во дилема кој ќе го предводи нападот. Бразилскиот тинејџер Ендрик, кој можеше да биде алтернатива не е во тимот поради повреда на мускулот заработена против Севилја минатиот месец.

Мбапе беше клучен за Реал Мадрид оваа сезона, постигна 31 гол во Ла Лига, а вкупно 43 гола во 56 настапи.

Реал Мадрид влегува на турнирот како еден од фаворитите, а покрај Ал-Хилал, во групата Х ќе играат и РБ Салцбург и Пачука.