Дали Ламин Јамал е во врска со 12 години постара убавица?

Точка

17/06/2025

22:26

4.866

Големина на фонт

а а а

Шпанската инфлуенсерка Фати Васкес повторно е во фокусот на медиумите, откако за време на нејзиниот одмор во Италија била забележана на истите локации како и младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал.

На социјалните мрежи, особено на ТикТок и Инстаграм, брзо започнаа шпекулации за можна романса, но фудбалерот категорично негираше дека постои нешто повеќе од пријателство.

Триесетгодишната Фати е поранешна стјуардеса која ја напуштила кариерата во авијацијата за целосно да се посвети на социјалните мрежи. Денес е успешна инфлуенсерка со повеќе од еден милион следбеници на Инстаграм и „Јутјуб“, каде што објавува содржини за здрав живот, исхрана и фитнес.


Покрај тоа, Фати е авторка на книга во која отворено зборува за врсничкото насилство кое го претрпела во тинејџерските години, што ѝ донесе голема поддршка и дополнително го зацврсти нејзиниот онлајн-влијание.

Гласините за можна врска започнаа кога следбениците забележаа дека и Фати и Јамал објавиле фотографии од идентични локации во Италија – од ист хеликоптер, од приватен авион со идентичен ентериер, како и од хотел со препознатлив базен и тераса со поглед кон зајдисонце.


Иако не се појавуваат заедно на ниту една фотографија, деталите како серискиот број на хеликоптерот и архитектурата на хотелот предизвикаа лавина коментари и шпекулации на интернет.

Младиот фудбалер, кој има само 18 години, се огласи преку познатиот инфлуенсер Хави Хојос и јасно порача: „Нема никаква врска.“ Тој додаде дека на патувањето имало и други лица, и дека е можно Фати да била во друштво на некој друг пријател.