Алонсо: Ќе го „исцедам“ Модриќ до последниот работен ден

Дерби

18/06/2025

12:20

647

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо ја одработи првата прес-конференција од Мајами и како нов тренер на Реал Мадрид доби безброј прашања од новинарите, а покрај тоа што проговори за големата дилема која ќе ја има во текот на сезоната на десната бековска позиција, не можеше да не издвои коментар за фудбалерот кој ќе го тренира само во наредните неколку недели.

Лука Модриќ го игра последниот турнир како играч на Реал Мадрид и Светското клупско првенство ќе биде натпреварување на кое ќе се одјави од белиот дрес, но Алонсо како лидер на новиот проект има за план да го „исцеди“ својот поранешен соиграч до последниот ден.

– За мене е многу лесно да работам со Лука. Двајцата имавме добар однос како соиграчи, потоа станавме пријатели, а сега работиме како тренер и играч.

– Има голема взаемна доверба и навистина уживам да гледам како влијае врз младите играчи во тимот. Тој е вистинска легенда и одбележа една ера и уживање е да се гледа блиску до тимот. Имам луксуз да го исцедам до последниот работен ден во Реал, планот е да ни даде уште малку од тоа што го поседува, – изјави Чаби Алонсо.

Реал Мадрид ќе дебитира на Светското клупско првенство во САД оваа вечер во 21:00 часот, кога на „Хард-Рок“ стадионот во Мајами ќе ги одмери силите со саудиски Ал Хилал.