Трајковски со ексклузивен коментар за три актуелни теми во Италија: Гатузо, Сучиќ, Батурина…

Дерби

18/06/2025

12:19

212

Големина на фонт

а а а

Александар Трајковски е во потрага по нов клуб откако му заврши договорот со Хајдук и мирно може да ги разгледа опциите кои ги има на маса, а како фудбалер кој порано беше дел од италијанската елита, сега стана интересен за јавноста на чизмата поради неколкуте активности со луѓе кои доскороа беа дел од хрватскиот фудбал.

„СпортИталија“ стапи во контакт со македонскиот фудбалер и одработи интервју поврзано за неколку актуелни теми, почнувајќи од назначувањето на Џенаро Гатузо како нов италијански селектор, но и трансферите на Петар Сучиќ и Мартин Батурина во Интер, односно Комо.

– Среќен сум за Гатузо, сметам дека тоа е добар избор за репрезентацијата на Италија. Тој го познава италијанскиот фудбал и има вистинска решителност да ја предводи групата како лидер.

– Сучиќ и Батурина? Станува збор за нависитна добри и квалитетни фудбалери. Интер и Комо направија одлични трансфери, станува збор за играчи кои имаат квалитет и личност, – вели Алекс.

Како поранешен член на Палермо, Трајковски не успеа да не ја искоментира и промената во клубот од Сицилија, кој во новата сезона ќе биде предводен од Пипо Инѕаги.

– Се надевам дека Инѕаги ќе може да го однесе Палермо во Серија. Клубот заслужува такво нешто и јас секогаш останувам приврзан кон боите кои ги носев во минатото, – потенцира Трајковски.