„Не жалам за ништо“: Џони Деп првпат откри зошто ја тужеше поранешната сопруга и влезе во „највалканиот“ судски спор меѓу славните

Точка

23/06/2025

10:57

1.241

Големина на фонт

а а а

Џони Деп даде ретки изјави за турбулентниот однос со Амбер Херд и судењето кое со месеци ги полнеше насловните страници ширум светот.

Во разговор за „The Sunday Times“ тој отворено говорел за причините зошто одлучил да ја изнесе својата страна од приказната.

„Види, отиде предалеку. Знаев дека ќе морам делумно да се „соголам“. Сите зборуваа: Ќе помине. Но, јас не можев да верувам во тоа. Што точно ќе помине? Не, нема“, изјавил Деп.

„Доколку не се обидам да ја претставам вистината тоа ќе изгледа како јас навистина да сум ги направил тие дела за кои ме обвинуваат. А, моите деца ќе мора да живеат со тоа. Нивните деца. Децата кои ги запознав во болниците. Затоа ноќта пред судењето во Вирџинија не чувствува нервоза. Доколку не мораш да го учиш текстот на памет, доколку само ја кажуваш вистината, тоа е тоа“, додал актерот.


„Знаев дека ништо од тоа нема да биде лесно, но ми беше сеедно. Ќе се борам до крај“.

Актерот зборувал и за самиот однос со Амбер Херд

„Доколку сте будала како јас, понекогаш ќе погледнете некој во очи и ќе видите некоја тага, некоја осаменост и ќе почувствувате дека може да ѝ помогнете на таа личност“, изјавил актерот, па додал:

„Но, ниту едно добро дело не поминува неказнето затоа што постојат луѓе кои, кога ќе се обидете да ги сакате и да им помогнете, ќе почнат да ви покажуваат што точно ја предизвикало таа непријатност, таа вознемиреност која сте ја виделе во нивните очи. Таа почнува да се манифестира на други начини“.


Поротата пресуди во негова корист

Џони Деп и Амбер Херд се запознале во 2009 година на снимањето на филмот „The Rum Diary“, а нивната врска започнала кон крајот на 2011 година или почеток на 2012 година. Се вериле во јануари 2014 година, а се венчале во февруари 2015 година. Се разделија во 2016 година, но вистинската драма штотуку започна.

Откако Херд во 2018 година напишала колумна за „Washington Post“ во која се претставила како жртва на семејно насилство, Деп во 2019 година ја тужеше за клевета иако не бил директно именуван во текстот. Изјавил дека таквите тврдења се „категорични и докажливо лажни“.


Херд возврати со контратужба во износ од 100 милиони долари. Судењето се одржа во 2022 година и заврши така што поротата пресуди во корист на Деп – му додели 10,35 милиони долари отштета, додека пак Херд доби 2 милиони долари за една од своите противтужби.