Судејќи по актуелните фотографии, неа не ѝ е потребна посебна прилика за да ги покаже своите најголеми атрибути.
Манекенката Брукс Надер неодамна присуствувала на еден настан во Њујорк, а вниманието во јавноста го привлекла нејзината модна комбинација.
Убавицата која често сака да ги покажува своите гради и овојпат одлучила да понесе „ризичен“ фустан за дневниот настан.
Се чини дека струкираните макси фустани со големо деколте, неа ѝ се омилени затоа што овојпат одлучила да носи токму таков, којшто без сомнеж ѝ стоел совршено.
Нејзиниот кафеав фустан ги открива бујните гради и витката фигура, а на фотографиите од тој настан бил забележлив и нејзиниот беспрекорен тен.
Стајлингот го надополнила со златни аксесоари, а својот поглед на заводничка вешто го криела од љубопитните фотографи, со очилата за сонце.
Навистина, Брукс Надер знае и умее да го привлече вниманието во јавноста.