Познатата пејачка Никол Шерцингер остава без зборови со секое ново појавување. Кога станува збор за црвениот килим таа секогаш се појавува во беспрекорни изданија, но и нема рамна и кога станува збор за провокативни, разголени изданија.
Иако театарската сезона сè уште трае, а Никол има улога во еден мјузикл, таа сепак наоѓа време и за плажа. Неодамна ја освои престижната награда Тони за најдобра актерка во претставата „Sunset Boulevard“.
Меѓутоа последното видео што го објави за кратко време ги „сруши“ социјалните мрежи.
Имено, убавата Никол позираше во минијатурно бело бикини и им покажа на сите како медитира и вежба на плажа. Но вниманието на нејзините обожаватели беше насочено само кон нејзиното неверојатно тело, кои во коментарите ѝ порачаа дека е невозможно да има 46 години.
„32 степени во Њујорк. Две претстави денес, и проба помеѓу. Ментално сум сè уште тука“, напиша Никол во описот на својата објава.
Нејзините објави од плажа секогаш добиваат најмногу коментари, а се чини дека Никол никогаш нема да престане да ги воодушевува своите следбеници со такви фотографии.