Легендарниот кошаркар Леброн Џејмс неодамна го претстави својот часовник „Richard Mille“ во ограничено издание, за чиј дизајн лично помогнал.
Станува збор за ултралуксузен модел кој комбинира врвна изработка и спортски дух, а бил изработен во само 150 примероци кои ќе бидат достапни низ целиот свет.
Часовникот е инспириран од боите на Лос Анџелес Лејкерс, тимот за кој Леброн игра од 2018 година. Ременот доаѓа во впечатлива жолта боја, веројатно направен од издржлива ТКМ гума, позната по својата удобност и издржливост.
Куќиштето е направено од комбинација од црна текстурирана површина и жолт „Quartz TPT“ материјал, со зелени детали и виолетов прстен што ги означува часовите. Часовникот има и жолто-зелена круна, тиркизни хронографски подбројчаници и потпис на Леброн врежан на задната страна од куќиштето во виолетова боја.
Меѓутоа многу обожаватели беа непријатно изненадени од цената, иако им се допадна дизајнот на часовникот: „Твоите обожаватели не можат да си го дозволат ова“, „Направете G-Shock за луѓе кои не можат да си дозволат Mille“, „Ми треба, ќе го платам колку и да е“, беа само дел од нивните коментари.
Инаку се очекува ексклузивниот часовник „Richard Mille x LeBron James“ да чини 450.000 американски долари, а поради ограничената серија од само 150 парчиња, ова е вистински колекционерски примерок.