Откако Канје Вест откри сѐ за своите лудории во спалната соба со партнерката Бјанка Ценсори во музичкиот спот за песната „Хајл Хитлер“, контроверзниот пар бил забележан заедно.
На новото видео кое молскавично стана вирално, Канје и Бјанка биле забележани заедно во Шпанија, а австралиската манекенка уште еднаш го привлекла вниманието со својот скандалозен изглед.
На видеото кое го споделил еден корисник на социјалната мрежа „X“, се гледа како Бјанка која оди кон Канје, го покажува своето голо тело, а раперот како и вообичаено е облечен од глава до пети.
Sneako immediately covers his camera as Kanye West’s wife, Bianca Censori walks into the room 👀 pic.twitter.com/nu0w5gapql
— FearBuck (@FearedBuck) May 1, 2025
Во програма во живо се вклучил познатиот американски инфлуенсер Снико којшто веднаш ја покрил камерата кога видел дека Бјанка е во позадина.
Неговата рака го „блокирала“ лајвот сѐ додека Бјанка не исчезнала од кадар. Стајлингот на Бјанка на виралното видео бил сличен на оној во којшто се појавила на доделувањето на Греми наградите годинава.
За неколку минути видеото станало вирално, а корисниците на интернет ја нападнале Бјанка поради „голите“ модни изданија.
„Таа е практично гола на секое јавно појавување. Дали мислите дека Канје има фетиш?“, „Реагираше како родителите да го фатиле додека гледа филмови за возрасни“, „Зошто таа секогаш парадира гола?“, биле само дел од коментарите, а имало и такви кои го пофалиле инфлуенсерот за брзата реакција.
„Вреди да му дадат признание што ја блокираше камерата. Претпоставувам дека со тоа се обиде да ги испочитува и двајцата“.