Автомобилскиот гигант во голем проблем: Затвора 7 фабрики ширум светот и отпушта 20.000 вработени

Супермен

25/06/2025

20:32

4.002

Големина на фонт

а а а

Автомобилскиот гигант „Nissan“ се соочува со најголемата деловна криза во последните десет години, а тоа ќе се одрази и на голем дел од вработените во компанијата.

Јапонскиот произведувач на автомобили забележал загуба од 4,5 милијарди долари во претходната фискална година, додека пак за првиот квартал од 2025 година се очекува дополнителна загуба од 200 милијарди јени (околу 1,38 милијарди долари).


На годишниот собир во Јокохама, акционерите изразиле остро незадоволство пред Управниот одбор, особено поради падот на вредноста на акциите за 36 отсто, стопирање на исплатата на дивиденди и недостаток на стратегија за излез од кризата.

Новата управа на чело со директорот Иван Еспиноза, претставила план за реструктурирање којшто предвидува затворање на седум фабрики ширум светот и отпуштање на 20.000 вработени, што е 15 отсто од вкупната работна сила.

„Акционерите порачаа товарот на кризата да се префрли на работниците додека пак менаџментот да си ја задржи позицијата. Бараме промени и одговорност“, се чуло во текот на бурната седница.


Кризата на „Nissan“ ја осветлува пошироката слика на проблемите во јапонското корпоративно управување, особено во неефикасните структури на матичната фирма која ги нарушува правата на акционерите и доведува до недоверба во управната структура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk