Американскиот копилот Гарет Реј, открил дека заработува по 213 долари од час летање, а иако често мора долго да чека меѓу летовите неговата работа носи добра заработка – околу 17.000 долари месечно за 80 часа работење.
Американскиот копилот Гарет Реј на својот јутјуб канал открил колку пари заработува летајќи од њујоршкиот аеродром и изненадил многу од следбениците.
Тој заработува по 213 долари од час. Секако, често мора да чека долго меѓу летовите, но тоа „жртвување“ и тоа како се исплатува.
Тој рекол дека еден од неговите омилени летови е релацијата Меѓународен аеродром Џон Ф. Кенеди во Њујорк до Меѓународен аеродром Финикс во Аризона. Мора да чека 24 часа меѓу два лета.
Иако ужива во својата работа, отсутен е од дома 40 часа, а платен е само за 10 часа летање. Затоа се фокусира на рутите кои му носат повеќе пари, а кои немаат предолга пауза.
„Денес летав од аеродромот Ла Гвардија до аеродромот Далас Форт Ворт и назад. Платено ми беше 1.556 долари за повеќе од седум часа работа, а времето поминато надвор од аеродромот беше малку повеќе од девет часа. Ова е одлично, морав рано да станам, но дома стигнав до 15 часот“, рекол тој.
Во текто на паузата од летовите тој на лаптоп завршува други обврски. Реј заработува околу 17.000 долари месечно за 80 работни часа.