[ВИДЕО] „Бев на колена“: Бред Пит првпат јавно проговори за проблемите со алкохолизмот по разводот од Џоли

Супермен

26/06/2025

09:05

980

Големина на фонт

а а а

Бред Пит даде ретко интервју гостувајќи во поткастот „Armchair Expert“ со Декс Шепард каде отворено зборувал за своето искуство со анонимните алкохоличари.

Анонимни алкохоличари се заедница на мажи и жени кои меѓусебно разменуваат искуства, сила и надеж како да се ослободат од зависноста и можат да си помогнат едни на други.

Пит оваа заедница ја нарекол неверојатна работа, напомнувајќи:

„Мислам дека тоа едноставно се неверојатни мажи кои ги споделуваат искуствата, своите маани, своите погрешни чекори, своите желби, својата болка и многу хумор има во сето тоа. Мислам дека навистина е посебно искуство“.

50-годишниот Шепард којшто бил многу отворен за своите проблеми со злоупотребата на дрога и трезност, го прашал Пит дали бил нервозен јавно да разговара со него откако се запознале во анонимни алкохоличари, напомнувајќи ја реално изразената искреност и ранливост на ситуацијата.

Сакал да го смени животот

Меѓутоа, Пит го убедувал дека е целосно опуштен. Актерот исто така изјавил дека малку е засрамен заради доаѓањето во таа заедница, но не се срамел да говори за тоа колку лошо се чувствувал во тоа време.


„Бев практично на колена и бев реално отворен“, рекол Пит, па додал: „Пробав сѐ и сешто. Беше тоа тешко време. Во некои аспекти од животот морав да се разбудам и тоа навистина многу ми значеше“.

Пит изјавил дека после неколку сесии, тој почнал да се радува на заедницата. Пораснал во конзервативна средина и тврди дека тоа искуство му претставувало културолошки шок:

„Во местото од каде што сум, мажите говорат де сѐ е прекрасно... Ова беше нешто целосно поразлично, мажите искрено ги споделуваа своите слабости, грешки, болка и сето тоа со доза на хумор. Ми беше неверојатно“, изјавил тој.


Започнал со тоа откако Анџелина Џоли побарала развод

Пит првпат проговорил за своето време во заедницата во разговор за „NYT“ во 2019 година. „Всушност тоа беше многу ослободувачки и на едноставен начин да ги откриеш лошите работи за себе“, изјавил тој и додал дека започнал да оди на сесиите откако Џоли побарала развод од него.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk