Спортскиот директор на Арсенал тргнал во офанзива по докажана премиерлигашка ѕвезда

Дерби

27/06/2025

15:18

335

Големина на фонт

а а а

Арсенал и натаму е активен на неколку трансфер фронтови, обидувајќи се да ги засили сите линии во својот ростер.

Микел Артета има потреба од освежување во средниот ред, одбраната, но и во нападот, а таму се отпочнати преговори не само за класичен напаѓач, туку и фудбалер кој може да помогне на повеќе позиции.

„Сан“ ексклузивно објави дека спортскиот директор Андреа Берта деновиве имал состанок со агентите на Еберечи Езе и на него се зборувало околу условите под кои одличниот фудбалер на Кристал Палас би се преселил во лондонскиот ривал.

Проценетата вредност на Езе е околу 70 милиони фунти и Арсенал брза да го договори трансферот, бидејќи за Езе се интересира и лутиот ривал Тотенхем, кој исто така мора да доведе засилувања ова лето.

Пред да ги почне преговорите, Берта го убедил раководството на Арсенал дека Езе е добра идеја за тимот и Артета и покрај тоа што задутре ќе наполни 27 години, а менаџментот на „топчиите“ инсистирал на помлади фудбалери кои ќе му помогнат на тимот подолг период.