Ракометот на Фарските Острови, земја со околу 50 илјади жители која е всушност данска автономна покраина, е во експлозивен подем. Минатата година, репрезентацијата на Фарските Острови првпат учествуваше на Европско првенство, а избори пласман и за следното натпреварување, завршувајќи како првопласирана во својата квалификациска група.
Дека тие успеси не се случајни, потврдува и најновиот подвиг на нивната U-21 репрезентација. Во четвртокот, со победа од 35:33 против Словенија, изборија пласман во полуфиналето на Светското првенство, каде денес ќе играат против Португалија. На патот до полуфиналето, Фарските Острови ги совладаа и Франција, Северна Македонија и Романија, а единствен пораз доживеаја од Данска.
Најмала земја во историјата што стигнала до полуфинале
Најголемата ѕвезда на оваа генерација е 20-годишниот Оли Митун, кој веќе неколку години настапува и за сениорската репрезентација, а од оваа сезона игра и за данскиот клуб "GOG". Со 53 гола на шест натпревари, Митун е најдобар стрелец на досегашниот дел од турнирот.
Со влезот во полуфиналето, Фарските Острови станаа најмалата држава во историјата на ракометот која стигнала до таа фаза на големо меѓународно натпреварување – без разлика дали се работи за јуниорска или сениорска конкуренција. Претходниот рекорд го држеше Исланд, кој во 1992 година за првпат стигна до полуфинале на Олимписки игри, кога имал околу 260 илјади жители.
Во второто полуфинале на U-21 Светското првенство ќе се сретнат Данска и Шпанија, а финалето е закажано за недела.