Рубен Аморим мораше да го користи Андре Онана како прва опција на голманската позиција во Манчестер Јунајтед, па иако секогаш го бранеше Камерунецот, не е убеден дека тој е вистинско решение на долгорочен план.
Изминатиов период премиерлигашот беше поврзуван со повеќе квалитетни голмани, но последните информации се дека притиска за чувар на мрежата од Серија А.
Се работи за голманот на Аталанта, Марко Карнесеки, за кого Јунајтед наводно е подготвен да плати и 40 милиони евра.
Карнесеки го потврди својот квалитет изминатите сезони, а на 24-годишна возраст го привлече вниманието со настапите во Италија, но и Лигата на шампионите.
Аталанта ќе бара повеќе пари за Карнесеки, но двете страни веројатно ќе најдат компромис со одредени бонуси, иако дел од медиумите тврдат дека основен услов за трансферот е првична продажба на Онана.