Јувентус се обидува да се ослободи од Тимоти Веа ова лето, па дури и се обидува да му наметне трансфер во редовите на Нотингем Форест, екипа која е сериозно заинтересирана за услугите на американскиот репрезентативец.
Веа вчера воопшто не беше во составот на „бјанконерите“ за пресметката со Манчестер Сити, но неговиот агент тврди дека неговиот клиент не планира да изигрува марионета и не е заинтересиран за трансфер во редовите на премиерлигашот.
– Веа е одличен фудбалер и соиграч, разочаран сум кога гледам дека луѓето се однесуваат вака поради профит и се толку себични. Ова е срамно.
– Никој не може да му наметне на фудбалер кого го застапувам да се пресели во друг клуб без тој да сака. Тој не е нечија марионета, – рекол Баду Самбагу, агентот на Веа.
Крилниот фудбалер не само што одбил да преговара со Нотингем, туку инсистира дека е фокусиран на обврските кон Јувентус и сака да остане во италијанскиот клуб.