Нема да верувате колку калории има во една кригла пиво: Освен што е добро за здравјето може да ве здебелее

Точка

28/06/2025

15:00

661

Големина на фонт

а а а

Во текот на летните месеци кoга бараме да пиеме нешто освежително, најлесно е во телото да внесеме скриени калории за кои не сме ниту свесни. Пијалакот којшто изобилува со калории е пивото.

Покрај тоа што содржи калории пивото има и витамин Б и некои минерали кои му годат на телото. Темното пиво може да содржи повеќе антиоксиданти поради поголемото присуство на полифеноли, но содржи и повеќе алкохол и калории.

Според податоците на американското Министерство за земјоделство, 100 милилитри стандардно светло пиво содржат:

Енергија 43 kcal;
Јаглехидрати 3,55 грама;
Протеини 0,46 грама;
Магнезиум 6 милиграми;
Фосфор 13 милиграми;
Калиум 27 милиграми.


Колку калории може да содржи кригла пиво од половина литар?

Кога пивото се пие во количина од половина литар, во организмот може да внесеме околу 220 калории, зависно од видот на овој популарен пијалак.

Имено, темното пиво содржи повеќе калории поради поголемиот удел на алкохол и дополнителни состојки.

Консумирањето пиво може да има одредени здравствени придобивки, но тука најважна компонента е умереноста.

Студија објавена во магазинот „Nutriens“ истакнува дека умереното консумирање пиво може да има позитивно влијание на кардиоваскуларното здравје, вклучувајќи го намалувањето на ризикот од коронарни болести на срцето.


Други истражувања укажуваат дека умереното консумирање пиво може да има врска со понизок ризик од развој на дијабетес тип 2 и одредени невродегенеративни болести.

Значи, доколку пиете 1 кригла пиво од 500 милилитри тоа е исто како да сте изеле две сарми.