Кинески научници предупредуваат - Овој тип на кафе може да го зголеми ризикот од тешко заболување на очите: „Избегнувајте го“

Точка

28/06/2025

14:17

1.528

Големина на фонт

а а а

Инстант кафето, кое некои го избегнуваат поради неговиот вкус, може да носи и посериозни здравствени ризици. Имено кинеските научници предупредуваат на можна поврзаност со макуларната дегенерација (AMD), болест на очите која постепено го оштетува централниот вид.

Според резултатите од студијата, луѓето кои претпочитаат инстант кафе имаат седум пати поголема веројатност да го развијат ова нарушување во споредба со оние кои консумираат други видови кафе, пишува Дејли Мејл.


Инстант кафето може да предизвика оштетување на мрежницата

Макуларната дегенерација поврзана со возраста се јавува кога централниот дел од мрежницата, макулата, почнува да пропаѓа, што го отежнува читањето, возењето и препознавањето лица.

Научниците веруваат дека причината може да биде начинот на кој се приготвува инстант кафето, кое ослободува акриламид – хемикалија што може да влезе во крвотокот и да ја оштети мрежницата.

„Инстант кафето може да го зголеми ризикот од макуларна дегенерација поврзана со возраста, а помалата консумација на ова кафе може да помогне во спречувањето. Луѓето кои се во ризичната група треба да го избегнуваат“, предупреди водачот на студијата, д-р Ки Џија, офталмолог.


Во ризичната група спаѓаат лица со семејна историја на болеста, пушачи, лица со висок крвен притисок, со прекумерна тежина, но и оние со светли (сини или зелени) очи бидејќи имаат помалку пигмент што ја штити мрежницата од сончева светлина.

Сепак, научниците истакнаа дека се работи за опсервациска студија, што значи дека не докажува директна причинско-последична врска – не тврди дека инстант кафето ја предизвикува болеста. Исто така некои претходни истражувања дури покажале дека кафето може да има заштитен ефект врз видот. На пример, студијата од 2023 година ја поврза консумацијата на кафе со подебел слој на очни нервни влакна, што потенцијално ја штити визуелната функција.

Постарите лица се најзагрозени

Она што ја издвојува новата студија е тоа што таа ги анализирала различните видови кафе, а не само ефектите од кафето воопшто. Користела податоци од „UK Biobank“ и финскиот генетски регистар „FinnGen“. Истражувачите директно не испитувале што пиеле испитаниците, туку користеле генетски предиспозиции за специфични видови кафе (инстант, мелено, бескофеинско).


Резултатите покажале дека оние со генетска предиспозиција за инстант кафе имале 692 проценти поголема веројатност да развијат сува AMD и 159 проценти поголема веројатност да развијат влажна AMD, потешка форма на болеста кај која се развиваат абнормални крвни садови под макулата.

Оние со предиспозиција за кафе без кофеин имале и 80 проценти поголема веројатност да развијат сува AMD, иако оваа разлика не била статистички значајна.

Учесниците се сметале за лица кои боледуваат од AMD само ако имале лекарска дијагноза по 50-годишна возраст.


Макуларната дегенерација е честа појава кај постарите лица, а во Соединетите Американски Држави погодува околу едно од десет лица над 50 години. Не постои лек, но раниот третман може да ја забави нејзината прогресија, како што е земање витамини Ц, Е и цинк или користење терапии за влажната форма на болеста.

Истражувачите нагласуваат дека се потребни понатамошни истражувања за да се потврди оваа врска. Студијата опфатила вкупно 7.600 лица со сува AMD и 5.900 со влажна форма на AMD.