Доколку трагате по лесно јадење кое ќе ве засити и воодушеви, тогаш е време да пробате еден поразличен вид помфрит.
Тиквичките се јадење кое многу од луѓето го обожуваат затоа што се превкусни, имаат малку калории и имаат неутрален вкус, па се вклопуваат со другата храна.
Освен тоа, нивната цена е поволна, а не е ни чудно што во текот на летото е чест избор на бројни домаќинки.
Доколку сакате помфрит и сакате да го подготвите на поразличен начин, тогаш овој рецепт е совршен за вас.
Состојки:
- 2 тиквички;
- 2 јајца;
- 120 грама брашно;
- 10 грама прашок за печиво;
- 50 грама сланина;
- 1 млад кромид;
- Сол и бибер;
- Зачини по желба.
Подготовка:
Излупете ги и исечкајте ги тиквичките на стапчиња, посолете и оставете ги да отстојат на хартија околу 20 минути, па добро исцедете ги. Во чинија изматете јајца, па додадете ги во тиквичките.
Додадете го ситно исечканиот кромид, ситно исечканата сланина, брашното, прашокот за печиво и зачините. Измешајте ги состојките, па вадете едно по едно стапче и ставајте ги во плех за печење.
Ставете го плехот во загреана рерна на 220 степени и печете околу 20 минути.
Послужете со кисела павлака или младо кромитче.
На здравје!