Интер Мајами направи голем резултат со самиот пласман во осминафиналето на Светското клупско првенство, но таму налета на најрасположениот тим во Европа и мина навистина лошо во првото полувреме.
ПСЖ постигна четири погодоци во мрежата на американскиот тим и не им дозволи на Лео Меси и компанија да испратат ниту еден удар кон голот на Донарума, по што стана јасно дека „светците“ патуваат во четвртфиналето.
Второто полувреме беше чиста рутина во која ПСЖ не притискаше како во првиот дел, а тоа направи Интер Мајами да не претрпи уште потежок пораз и големо понижување.
– Сите ја видовме разликата во квалитет кај двата тима, но јас останувам горд на моите фудбалери. Постои голема разлика во квалитет, но и покрај тоа покажавме дека остануваме верни на нашиот стил.
– Не знам дали разликата е четири голови или повеќе, но ПСЖ има изграден тим и е еден од главните фаворити за титулата. Тие не пронајдоа ривал и во големото финале во Лигата на шампиони каде победија со 5:0, па ова не треба да се сфаќа премногу болно и сериозно, – изјави Маскерано.