[ВИДЕО] Се запали глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид, околу него паркирани десетина други

Нетпрес

30/06/2025

12:28

1.320

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна на пловен објект вкотвен во Студенчишкиот канал на Охридското Езеро.

Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото.

Огнот е изгаснат благодарение на брзата реакција на ТППЕ Охрид, а на помош пристапиле и припадници на АРМ.

„Денеска околу 10:20 часот во СВР Охрид пријавено е дека има чад кој доаѓа од Студенчишкиот канал каде што се запалил пловен објект – глисер. Екипи од СВР Охрид, езерската полиција, армискиот центар за обука на вода и противпожарните екипи од Охрид веднаш се излезени на терен“, велат од СВР Охрид.