Рома пред остварување на целта: Солскјер ќе го спасува Ејбрахам со трансфер вреден 20 милиони евра

Дерби

30/06/2025

13:44

252

Големина на фонт

а а а

Тами Ејбрахам е на романтичен одмор на кој и даде веренички прстен на својата девојка, но истовремено, англискиот напаѓач е доста популарен во италијанската јавност и поради трансферот кој треба набрзо да се комплетира.

Откако беше ослободен од Милан и не беше вклучена опцијата за откуп, Рома брзо сфати дека ќе мора да му бара нова средина на англискиот напаѓач, кој во ниту еден случај не е во плановите на новиот тренер ЏанПјеро Гасперини.

„Волчицата“ за овој преоден рок си постави цел конечно да се ослободи од Ејбрахам, а како што јавуваат угледните италијански новинари, голема помош пристигнува од Турција.

Бешикташ успеал да го наговори Ејбрахам да се приклучи на фудбалскиот проект кој го води Оле Гунар Солскјер, но истовремено, подготвен е да ја плати сумата која ја бара Рома.

Турскиот великан има подготвено 20 милиони евра за да го добие некогашниот талент на Челси, кој после четири години во Италија, дефинитивно е подготвен кариерата да ја спасува на друго место.