Една од најубавите спортистки во проблеми: Поминува низ пекол и должи големи пари

Точка

30/06/2025

15:16

3.195

Големина на фонт

а а а

Сега повторно е во фокусот на јавноста, но поради финансиски проблеми во Русија.

Јелена Исинбаева, поранешната руска атлетичарка која своевремено доминираше во дисциплината скок со стап, не беше позната само по своите спортски успеси, туку и по неверојатната убавина – многумина ја нарекоа „најубавата спортистка во историјата на Олимписките игри“.


Сега повторно е во фокусот на јавноста, но поради финансиски проблеми во Русија. Нејзините банкарски сметки се блокирани, а долговите достигнуваат околу 10.000 евра. Дополнително, за запуштање и неодржување на недвижности ѝ е изречена уште една парична казна во висина од околу 10.500 евра.


Јелена Исинбаева е позната и по поддршката кон рускиот претседател Владимир Путин, а имала и чин во руската армија. Поради актуелните глобални политички околности, нејзиното присуство не наидува на позитивни реакции во некои делови од светот, па може да се каже дека во моментов поминува низ тежок и турбулентен животен период.