Ибрахимовиќ со хит изјава: Ова не беше пораз на Лео, Меси игра со статуи и е дел од фудбалски циркус!

Дерби

30/06/2025

12:43

593

Големина на фонт

а а а

Интер Мајами настрада во соочувањето со европскиот шампион ПСЖ и изгледаше целосно немоќно во пресметката која се одигра во Атланта, по што голем дел од јавноста најголем фокус стави на играта на Лионел Меси и немоќта да направи било каква разлика на теренот во дуелот со некогашните соиграчи.

Аргентинската ѕвезда беше единствената која се обидуваше да направи нешто во вториот дел, но и покрај тоа не доби висока оценка од фудбалските експерти, што го натера Златан Ибрахимовиќ да даде изјава во негов карактеристичен стил.

Швеѓанецот застана во одбрана на својот поранешен соиграч од Барселона, посочувајќи дека тој во моментов е дел од фудбалски циркус и опкружен од фудбалери кои немаат никаков квалитет.

– Пораз за Меси? Ова не е негов пораз, тој не е виновен за ова. Не загуби Меси, загуби Интер Мајами! Го видовте ли тимот во кој игра Меси, тој е опкружен од статуи, а не од соиграчи. Да игра во било кој голем европски клуб, ќе го видевме вистинскиот лав на теренот.

– Меси продолжи да игра фудбал само поради тоа што ја сака оваа игра, тој може да прави работи кои не можат да ги прават 99 проценти од играчите. Но, во моментов е опркужен со играчи кои делуваат како да имаат бетон во нозете. Ова не беше Меси кој го знам, ова беше негов дух кој сега е дел од фудбалски циркус. Сепак, ако му го дадете вистинскиот тим, тој повторно ќе го запали цел стадион, – изјави Ибрахимовиќ.