Роналдо ќе биде воден од славен Португалец во Ал Наср

Дерби

30/06/2025

13:45

404

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо ја продолжи верноста со Ал Наср и стави потпис на нов договор, а во ситуација кога го направи тоа, стана јасно дека проектот на клубот останува максимално амбициозен.

Роналдо не освои ниту една титула во изминатите две години и сè уште го чека премиерниот како член на Ал Наср, но во новата сезона ќе брка шампионска титула воден од славен португалски стручњак кој е добро познат на јавноста.

Жорже Жезус минатата сезона го водеше Ал Хилал до трофејот во саудиската лига, но откако не успеа да го потвори тоа и оваа сезона, двете страни решија да се разделат.

Симоне Инѕаги е човекот кој го води Ал Хилал на Светското клупско првенство, а сите угледни медиуми од Португалија сега информираат дека следна станица на Жезус ќе биде Ал Наср.

Според имформациите, искусниот 70-годишен стручњак ги договорил сите детали за да го води Ал Наср, па во финишот од кариерата ќе има шанса и да го тренира фудбалерот кој тој во неколку наврати го нарече најдобар на сите времиња.