Агуеро откри каква лекција добил од главниот оперативец на Атлетико: После тоа не излегов од дома

Дерби

30/06/2025

14:23

462

Големина на фонт

а а а

Серхио Агуеро како голем фудбалски талент се аклиматизираше на сосема нова култура во 2006-та година, а почетоците во Атлетико Мадрид не му беа баш идеални под водство на тренерот Хавиер Агире.

Кун не играше многу во својата прва сезона и постепено се избори за статус на голема фудбалска ѕвезда, но од периодот кога се пробиваше во првиот тим на „душекџиите“, Аргентинецот памети една анегдота која никогаш нема да ја заборави.

Како палаво момче кое доаѓа од друга земја и друг континент, Агуеро често знаел да почувствува досада во шпанската престолнина, а сега открива како експресно завршила неговата авантура со посета на казино.

– Ми беше досадно во првата година во Мадрид. Не играв редовно, Агире ме ставаше во игра кога ќе му текне. Познавав еден Шпанец, ми беше пријател и се викаше Даниел.

– Еден ден го викнав и заедно отидовме во казино, бевме да „удриме“ по неколку пијачки. Кога не играв, знаев да правам такви работи. После првата посета во казино, добив порака од главниот оперативец на Атлетико, Анхел Хил. Ми порача дека сака да зборува со мене и мислев дека ќе ми зборува да останам мирен во ситуација кога не игра.

– Навистина ме здрви со пристапот кој го имаше. Ми рече дека ако уште еднаш отидам во казино, ќе ме испрати на позајмица. Ми порача дека не сака да ме види блиску до казино, па после таа лекција долго време не излегував од дома, – открива Агуеро.