[ФОТО] Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Макфакс

02/07/2025

11:40

2.500

Големина на фонт

а а а

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“.

Според очевидци, скопјанецот бил прегазен од мотор кој бегал од полицијата, а стравичната несреќа се случила под прозорецот на станот во зградата во која живеел.

🔴 УШТЕ ЕДНА ТРАГЕДИЈА ВО ЦЕНТАРОТ СКОПЈЕ: Излегол да фрли ѓубре, смртно го прегазиле пред прозорот на неговиот дом...

Posted by Sloboden Pecat on Wednesday, July 2, 2025

Негов познаник објави статус на Фејсбук во која пишува: „ Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот“.

„’Да умрам недалеку од местото кај што се родив’, најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање кон домот, корените…

Чичко Југо, татко на две прекрасни ќерки кои израснаa во прекрасни мајки и му подарија три внучиња. Чичко Југо на никого ништо не му згришил, да не го знаеш ќе се чудиш од каде толку фин, културен, кога и да те види ќе те поздрави, ќе ти направи секогаш фин муабет. Нема човек кој не го сакаше, не го почитуваше.

Чичко Југо загина под сопствениот прозор, буквално под сопствениот прозор. Го убија со мотор, скап мотор, без таблички, бегајќи од полиција на Кеј 13 Ноември, покрај Паркот на Франкофонијата, каде што секогаш си играат нашите деца, кои беа сведоци на настанот.

Секогаш ќе те памтиме само по добро чичко Југо“, пишува во објавата.