[ФОТО/ВИДЕО] „Алигатор-Алкатраз“ шоуто на Трамп: Покажа како мигрантите да избегаат ако се соочат со ѕверките, а потоа го нападна Бајден - Сакаше тука да ме смести, тој к**кин син

Точка

02/07/2025

21:56

1.720

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече поранешниот претседател Џо Бајден „к*чкин син“ додека беше во обиколка на притворскиот центар во Еверглејдс, Флорида познат како „Алкатраз Алигатор“, тврдејќи дека неговиот претходник во Белата куќа сакал да го смести зад слични решетки.

„Бајден сакаше да ме смести тука, јасно. Сакаше. Не испадна така, но сакаше да ме смести тука, тој к*чкин син“ рече Трамп за време на вчерашната посета, додека стоел покрај кафезите со кревети во кои од денес ќе бидат сместени притворените мигранти, пренесе „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Американскиот медиум потсети дека Трамп повеќе пати го обвинил Бајден за подигање федерални обвиненија против него во 2023 година, предводени од специјалниот советник Џек Смит, а сето тоа поради напорите на Трамп да ги поништи изборите од 2020 година и криење на класифицирани документи.



Трамп тврдеше дека обвиненијата биле политички мотивирани за да му ги намалат шансите на претседателските избори во 2024 година.



И двата случаи паднаа во вода откако Трамп победи минатиот ноември и обезбеди втор мандат во Белата куќа.

Инаку Трамп го обиколи притворскиот комплекс „Алигатор Алкараз“ во близина на мочуриштето Еверглејдс на југот од Флорида, на околу 59 километри од Мајами, заедно со гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, и секретарката за внатрешна безбедност, Кристи Ноем.



Центарот, кој се проценува дека ќе чини 450 милиони долари годишно и ќе биде дом на околу 5.000 луѓе, се наоѓа во област населена со алигатори, крокодили и питони – фотографии што Белата куќа ги користеше за да ја зајакне тврдокорната политика на Трамп против нелегалната имиграција.

„Ова не е убава работа. Змиите се брзи, но алигаторите – ние ќе ги научиме (мигрантите) како да бегаат од алигаторите. Не трчајте праволиниски. Трчајте вака „- – “ им рече Трамп на новинарите во Вашингтон пред да замине за Флорида, имитирајќи цик-цак движење.

Инаку како што пренесе „Ју-Ес-Еј Тудеј“ ова не е прв пат Трамп да го нарече Бајден „к**кин син“. Имено го нарекол „глупав к**кин син“ на предизборниот митинг во јули 2023 година во Пенсилванија.