Иако последните недели биле прилично предизвикувачки, Дејвид Бекам и натаму зрачи со позитивна енергија.
Поранешниот фудбалер неодамна ја оперирал раката, а односите со синот Бруклин и снаата Никол Пелц станале напнати.
Без оглед на сето тоа, Бекам уште еднаш покажал зошто е омилена личност во јавноста и тоа благодарение на својата мајка Сандра.
Дејвид Бекам пристигнал на првиот ден од овогодишниот Вимблдон, речиси веднаш после операцијата. Наместо сопругата Викторија, друштво му правела неговата мајка, а тие го следеле натпреварот меѓу Карлос Алкараз и Фабија Фонини.
Со десната рака во завој, но насмевка на лицето, поранешниот капетан на англиската репрезентација го привлекол вниманието во кралската ложа, а публиката го поздравила со овации и по повод неодамнешната витешка титула која му ја додели кралот Чарлс Трети.
Но, она што посебно ја насмеало јавноста биле Бекамовите објави на социјалните мрежи.
Тој објавил фотографија со неговата мајка Сандра со шеговита порака: „Реакцијата на мојата мајка кога ќе ѝ кажам дека постојано мора да ме вика Сер“.
На фотографијата се гледа како Сандра Бекам со насмевка гледа во својот син, што дополнително го нагласил блискиот однос на Бекам со мајка му.
Оваа симпатична објава уште еднаш покажала дека Бекам откако го добил едно од најголемите признанија во Обединетото Кралство, останал приземен и близок до обичните луѓе.